Отворени работни позиции во Шпаркасе банка АД Скопје
Шпаркасе Банка Македонија континуирано го унапредува своето работење и го проширува делокругот на активности, за што ни се потребни
образовани, мотивирани и стручни нови соработници, кои знаат да ги препознаат предизвиците на пазарот и идните потреби на клиентите.
Ако сакате да работите во динамично опкружување и во амбициозен тим, каде што можете стручно да се усовршувате и применувајќи го своето
знаење да придонесете со остварување на резултатите, внимателно проследете ја следната информација:
ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати за следните работни позиции:
1. Соработник за работа на благајна (ВСС)
2. Помлад стручен соработник за население (ВСС)
3. Помлад соработник за водење и архивирање на кредитни досиеја (ВСС)
Доколку сакате да влезете во листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, Ве замолуваме да
аплицирате на еден од следните начини:
- со пополнување на on–line апликација на следниот
линк (со означување на полето „за база“);
- со достава на писмо за мотивација, кратка биографија со фотографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и копија од
сертификати и од други дипломи на електронската пошта
hr@sparkasse.mk со назнака
„За влез во потенцијалната база на кандидати“;
При пополнувањето/доставувањето на апликацијата потребно е да дадете согласност за обработка на вашите лични податоци и за чување на
податоците во нашата база на податоци.
Можноста за пријавување е отворена во текот на целата година.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје го задржува правото, доколку се појави потреба во текот на годината, да исконтактира со заинтересираните
кандидати.