Отворено е ново работно место во Џонсон Мети

Отворено е ново работно место во Џонсон Мети



Оглас за работа: ПЛЦ Инженер (PLC Engineer)
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 2018037


Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од ПЛЦ Инженер (PLC Engineer) кој ќе му се придружи на тимот за Автоматика во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.

Кандидатот треба да има позитивен и аналитички пристап, да демонстрира способност за ефективна говорна и писмена комуникација на логичен начин. Потребно е да поседува докажани способности за решавање на проблеми стекнати како резултат на работа во производствена работна средина, демонстрирајќи способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби.

Главни одговорности
• Одржување на автоматиката и електричната опрема/инфраструктура во фабриката во голем дел како техничка поддршка
• Решавање на проблеми и ажурирање на софтверот за автоматика
• Помагање во континуираниот напредок, како и проверка на новата опрема
• Одржување на постоечките инструменти
• Следење и спроведување на стандарди за квалитет, безбедност и здравје при работa

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
• Универзитетска диплома - Електротехнички факултет или соодветна научна област
• Пожелно е една (1) година работно искуство на слична позиција
• Основно познавање од електрични и мерни инструменти, PLC (Programmable Logic Controller) и SCADA (Supervisory Control and Data Acquisition), по можност Allan Bradley и Wonderware
• Одлични вештини за комуникација, интер-персонални и вештини за решавање на проблеми

Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7

Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.

Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија на e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање: 21 Март 2018