Вредноста на Пи за малку со закон ќе била променета во 3,2

Вредноста на Пи за малку со закон ќе била променета во 3,2

Подготвил: Билјана Арсовска

Вредноста на Пи е, секогаш била и секогаш ќе биде 3,141592653... до бескрај, но тоа не го спречило Едвард Гудвин да се обиде легално да го редефинира бројот како 3,2. Едвард Гудвин или бил екстремно успешен мајтапџија или аматер математичар кој навистина верувал дека направил важен чекор. Како и да е, приказната е вистинита. Во 1897 година Гудвин верувал дека нашол нова точна вредност на Пи и се обидел да го стави тоа во закон на Индијана.


Фото: Curiosity

Гудвин верувал дека има успешно ја решил загатката за квадратурата на кругот, која ги мачела математиарите со векови. Наоѓање на квадратурата на кругот значи да се нацрта квадрат со иста површина како кругот. Но, затоа што површината на кругот го содржи ирационалниот број Пи, модерните математичари признале дека тоа не може да се направи. Должината на страните на квадратот на крајот би испаднале некоја бесконечна децимала како Пи и тоа би било невозможно. Но, тоа е така само ако го дефинирате Пи како ирационален број. Гудвин верувал дека е можно затоа што Пи не бил 3,141592653... туку бил 3,2.

Гудвин ги истакнал неговите проблеми со Пи во неговиот предложен закон.

-Дијаметарот што се користи како линеарна единица според сегашното правило за пресметување на површината на кругот е сосема погрешен... правилото во сегашната употреба не функционира на двата математички начина, треба да се отфрли како непотполно и грешно во неговите практични примени - стои во законот.

Законот е долг и полн со жаргони, но според професорот K.А. Валдо, почитуван математичар од тоа време, дал повеќе цифри за точната вредност на Пи. На почетокот го дава бројот 4 како вистинска вредност, додека кон крајот го дава 3,2. Верувале или не, законот стасал прилично далеку. Првиот комитет во кој бил испратен не знаел што да прави со него, па го пратиле до Комитетот за образование. Законот потоа стасал и до Претставничкиот дом, каде три пати бил читан и поминал без отпор. Сепал, законот бил запрен кога стасал во Сенатот, не затоа што проениле дека е погрешен, туку затоа што признале дека не можете да озаконите математички закони.