Добри вести за корисниците на WhatsApp

Добри вести за корисниците на WhatsApp

Подготвил: Билјана Арсовска

Само еден погрешен допир со прстот или клик со маусот  и испраќањето на погрешната порака може да предизвика големи проблеми за оние кои ја испраќааат поради што во текот на последните години голем број сервиси за комуникација воведоа спасувачка опција - можност за поништување на пораките. На пример, кога ќе испратите имејл преку Gmail, во горниот дел од екранот ќе ви се појави опција за понитување на испратениот имејл, а слична опција има и кај популарните сервиси за комуникација Viber и WhatsApp.


Фото: Pixabay

WhatsApp ја воведе можноста за бришење на пораките дури кон крајот на минатата година, но корисниците немаа многу време за размислување бидејќи пораката можеа да ја избришат само седум минути по испраќањето. За поголемиот дел од корисниците тоа време е сосема доволно ако се предомислите или ако сакате да ја избришете пораката испратена на погрешна адреса, но во некои случаи, на пример кога праќате пораки во алкохолизирана состојба, потребно е малку повеќе време за да сфатите што сте направииле и да ја избришете пораката.

Добрата вест за сите корисници на овој сервис е тоа што со новата верзија на апликацијата, временскиот период во кој ќе може да се избришат пораките ќе се зголеми на речиси час и половина. Како и досега, кориснците ќе имаат избор за бришење на пораката само на својот телефон или бришење од кај сите корисници на кои ја испратиле пораката, при што тие ќе бидат и известени дека пораката е избришана.