Пивара Скопје вработува! Бруто плата: 38.000,00 денари

Пивара Скопје вработува! Бруто плата: 38.000,00 денари

ОГЛАС ЗА РАБОТА: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМОЦИИ ВО SAP СИСТЕМОТ

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој.

Што е тоа што го бараме:

Висока стручна подготовка (ВСС), Економски факултет;
Минимум две години работно искуство во областа на трејд-маркетинг, продажба, услуги на клиенти и сл.;
Искуство во работа на проекти и анализа на податоци;
Познавање и искуство во работење со SAP оперативен систем;
Развиени вештини за соработка и способност за тимска работа;
Пожелно е возачка дозвола од Б категорија;
Напредно познавање и користење Windows, MS Office пакетот;
Одлично познавање англиски јазик.

Краток опис на основните одговорности:

Создава и спроведува промоции во SAP системот во согласност со расположливите буџети за директни трејд-маркетинг трошоци и буџетот за примероци;
Активно учествува во развојот, изборот и оценувањето на ефикасноста на промо-механизмите;
Подготвува претходна евалуација на специфични Промоции со проценет ефект на ROI (Return on Investment);
Подготвува пост-евалуација на извршените Промоции со вистинска пресметка на рентабилност;
Врши длабока анализа на продажба на специфични теми поврзани со продажбата;
Обезбедува ефикасен процес на управување со клиентите преку надзор на хиерархијата на клиенти во SAP системот;
Креира годишен буџетски образец во SAP системот;
Креира различни извештаи за продажба.

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа. Минимална основна бруто-плата за работното место е 38.000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака за називот на позицијата, „Специјалист за управување со промоции во SAP системот“, најдоцна до 23.03.2018 година.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.