Завршивте факултет?
Не сакате да седите дома, сакате да се чувствувате исполнето и барате предизвик?
Ве интересира технологија, софтверски решенија и информатика?
Не грижете се, ние го имаме вистинското работно место за Вас. На Вас е само да го прочитате огласот подолу, да ја поднесете Вашата апликација на време, а уште поважно - да имате желба за учење, да гледате предизвик во совладување на нови вештини, комуникација со светски производители и реномирани партнери, и да имате внатрешен двигател да бидете најдобриот продукт менаџер во Македонија за софтверски решенија.
Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје е дел од М САН групацијата, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и играчки.
Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Поради развој и ширење на Одделот за набавка и продажба на сервери, мрежна опрема и софтверски решенија, имаме потреба од:
Продуктен и Продажен Специјалист
Работно место во Скопје
Задолжен за набавни и продажни активности во секторот Комерција (оддел за Големи Корисници), за група на производи од нашето софтверско портфолио (Microsoft Cloud, McAfee Security, HPE Data Protector и др.). Тоа вклучува комуникација со добавувачи и продажни партнери, навремено, квалитетно и точно пратење на продажни процеси и подготвување на извештаи, а се со цел зголемена успешност во работењето и следењето на реализацијата, и е примарно одговорен и евалуиран за продажбата и продажните резултати.
Од Вас очекуваме:
• Познавање и користење на ИТ технологија и деловни апликации
• Солидно познавање на англиски јазик за деловна комуникација
• Комуникативност и отвореност кон нови предизвици
• Проактивност и страст за учење и усовршување во работата
• Аналитичност, упорност, истрајност и совесност во работењето
• Ќе се смета за предност, но не е пресудно, Високо образование во областа на информатиката, компјутерските или електротехнички науки.
• Пожелно е познавање на хрватски или српски за деловна комуникација
Заедно со колегите од тимот, ќе бидете одговорни за:
• Активно следење на пазарните и трендовите во дистрибутерскиот канал и креирање на соодветна стратегија за продажба
• Редовна комуникација и одржување на квалитетни односи со Добавувачите
• Изработка на годишни продажни и маркетинг планови
• Планирање и организација на промотивно-продажни акции и маркетинг активности
• Презентирање на производите и решенијата индивидуално и пред поширок аудиториум
• Активно учество во продажба со цел реализација на продажни планови
• Поддршка и креирање на решенија и понуди во соработка со нашите партнери
• Одржување и развој на партнерскиот канал и креирање на нови потенцијали за продажба
• Координирање на целокупниот ланец на набавка и испорака од Вендорот, преку Партнерот, до Корисникот
• Оперативно спроведување на сите продажни активности поврзани за група на производи
• Анализа на реализацијата на плановите и подготовка на потребни дневни, неделни, месечни и годишни извештаи за резултатите
• Активна соработка со други сектори и членки на групацијата во Македонија и регионот
Ние Ви нудиме:
• Можност за понатамошен развој на Вашата кариера и напредување преку лично и професионално усовршување, во динамична средина, која постојано се менува и прилагодува согласно промените на пазарот
• Компензација која стимулира (во зависност од индивидуални или тимски резултати и успех во реализација на плановите и поставените цели)
• Можност активно да учествувате во успешното работење на водечкиот регионален дистрибутер на ИТ производи и потрошувачка електроника и примена на Вашите знаења и вештини
Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.
Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим на една од брзо растечките позиции за успешно работење и се пронајдовте себеси во таа улога, доставете ни ја Вашата биографија на македонски и англиски.