Јавен повик за мерката „Субвенционирање на плати“

Јавен повик за мерката „Субвенционирање на плати“

Врз основа на Оперативниот гшан за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, за мерката 2. 1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 16. 3. 2018 година, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
до работодавачи за вклучување во мерката Субвенционирање на плати

1. Се повикуваат заинтересираните работодавачи микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и граѓански (непрофитни) организации кои се бават со економска активност при вршење на својата дејност, a кои имаат потреба за вработување на соодветни лица, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, секој работен ден од 9.00 до 14.00 часот.

2. Програмата не вклучува работодавачи од државни, јавни институции, единици на локална самоуправа и Градот Скопје.

3. Програмата нема да подржува правни субјекти регистрирани по 1.7.2017 година.

4. Во мерката имаат право да учествуваат работодавачи кај кои:

вкупниот број на работници на денот на апли цирање и пред реализацијата на поддршката не е понизокод просечниот број на вработени лица на неопределено време во претходната календарска година;

ги имаат подмирено сите обврски по основ на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување;

немаат финансиска загуба во претходната година; работодавачот треба да има најмалку едно вработено лице на неопределно време во континуитет, најмалку 6 месеци пред аплицирањето, со исклучок на граѓанските организации кои во моментот на аплицирање немаат вработено лице;

5. Бројот на лица кои работодавачот може да ги вработи преку програмата Субвенционирање на плати, не може да биде поголем од 50% од просечниот број на вработени лица во претходната календарска година. Работодавач кој има вработено едно вработено лице и кај граѓанските организации кои немаат ниту едно вработено лице, максималниот број на поддржани вработувања изнесува едно лице.

6. Работодавачот ќе биде финансиски поддржан од Агенцијата за вработување на Република Македонија во износ од 19.000,00 денари месечно за период од 3, 6 или 12 месеци по вработено лице од кои 18.000,00 денари како субвенција на платата на вработеното лице и 1.000,00 денари за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока плата.


7. Работодавачот кој вработува невработено лице е должен да го задржи лицето во работен однос по завршување на периодот на субвенционирање во период од:

6 дополнителни месеци ако користи 3 месеци субвенционирање (вкупен период на вработување 9 месеци);
12 дополнителни месеци ако користи 6 месеци субвенционирање (вкупен период на вработување 18 месеци);
18 дополнителни месеци ако вкупниот период на субвенционирање изнесува 12 месеци (вкупен период на вработување 30 месеци).

8. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за субвенционирано вработување помеѓу Агенцијата за вработување на РМ, работодавачите и кандидатите.

9. Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, контакт телефонот 0231 1 1850 и веб страната (www.avrm.gov.mk

)

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА