Генетски-модифицираното месо е се поблиску до чиниите

Генетски-модифицираното месо е се поблиску до чиниите

Подготвил: Билјана Арсовска

Веќе не не изненадува кога ќе слушнеме дека научниците пронашле начин да ги променат животните на нови креативни начини. Толку прецизно стана генетското инженерство. Но, исто така можеби сте забележале дека овие вести често не одат подалеку од лабораторијата. Досега имаше само едно генетски-модифицирано животно кое стасало до чиниите и тоа се случи со еден лосос во Канада. Во САД, сложен регулаторен процес од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) ги спречува оние кои сакаат да изнесат генетски-модифицирана стока на пазарот. Но, ако индустриските службеници продолжат по нивниот пат, тоа нема да трае уште долго.


Фото: Pixabay

Компаниите за генетска модификација и лобистите за биотехнологија се обидуваат да ја убедат администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја однесе регулацијата за генетски модифицирани животни во американскиот Оддел за земјоделие (УСЦА). Ако тоа се случи, генетски-модифицираното месо наскоро може да се појави на пазарите.

Но, зошто мора системот да се смени за ние да го јадеме овој вид на месо? И дали треба да сакаме тоа да се случи?

Моментно, законот за федерална храна, лекови и козметика ѝ дава на ФДА овластување да ја регулира сета генетски-модифицирана стока. Агенцијата го прави тоа користејќи ги истите процедури кои се однесуваат на лековите.

-Сменетата геномска ДНК во животното која треба да влијае на структурата или функцијата на телото на добиеното животно, одговара на дефиницијата на лекот -истакнува Џули Патман, портпарол на ФДА.

Правилата на ФДА ги опфаќаат сите процеси на едитирање. Многу генетичари велат дека едитирањето на гените на животните е толку софистицирано што резултатот не е поразличен од таргетираното расплодување, кое им овозможи на фармерите да размножуваат животни од одредена раса со векови. Но, некои научници забележуваат дека регулациите за овие животни не се сменети од раните 1980-ти, кога процесот беше помалку прецизен и слабо сфатен. Функционално, овие регулации значат дека истражувачите кои развиваат генетски-модифицирана стока мора да бидат ригорозно тестирани да покажат дека нивните животни и продуктите кои доаѓаат од нив, како млеко или јајца, се безбедни да бидат јадени од страна на луѓето.

УСДА веќе се справува со регулацијата околу генетски модифицираните растенија. И нејзините правила прават малку за да ја спречат продажбата и употребата на генетски изменети култури. Биотехнолошките компании се надеваат дека ако одговорноста за генетски-модифицираните животни се префрли на УСДА, агенцијата можеби  би гледала со либерални леќи и на генетски-модифицираната стока. Ако го сторат тоа, активистичките групи кои се противат на продажбата на ГМО, како што е Центарот за безбедност на храна, веќе се подготвени да се борат против неа.

Малку е веројатно дека генетски-модифицираните животни некогаш ќе бидат гледани со исти очи како генетски-модифицираните растенија. Иако науката вели дека генетски-модифицираната храна е безбедна за јадење, секој кој ќе донесе животно во маркет, се уште мора да докаже дека промената на гените кај животното не предизвикала некои неочекувани ефекти во крајниот организам. После се, животните се многу посложени од растенијата.

Регулаторите исто така мораат да мислат за биодиверзитетот, ообено на водните животни кои израснале во или блиску до вода. Ќе треба да се направат специјални мерења за да се осигура дека животните кои човекот успеал да ги модифицира нема да избегаат и да се спарат со оние немодифицираните.

Генетските модификации можат да им олеснат на животните да се справат со интензивното загревање или климатските промени, да осигура дека помалку животни ќе умрат беспотребно така што ќе им се направат поотпорни на болести и ќе се намали болката на животните преку елиминација на деловите од телото кои често на многу болен начин се отстануваат на фирмите (како опашките на свињите).