Конкурс УКЛО ТРИВИУМ натпревар во ораторство

Конкурс УКЛО ТРИВИУМ натпревар во ораторство

poster

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО, на 24 април 2018 година, по третпат организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот на тема: Quo vadis, студенту?  Правата на студентите во 21-от век!

УКЛО ТРИВИУМ е одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување. Конкурсот е отворен до 30 март 2018 година.

Критериуми за учество на натпреварот:

• Секој учесник треба да го ограничи својот говор на максимум 5 минути. Долна граница нема;
• Говорите коишто ќе се интепретираат треба да бидат оргинални и претходно необјавувани;
• Задолжителни компоненти на говорот: Вовед (10-20 проценти од целиот говор); Разработка на говорот (најдолгиот и најважниот дел на говорот) и Заклучок (5-10 проценти од целиот говор); Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати.

Учесници на конкурсот:

• На конкурсот може да учествуваат студенти запишани на прв, втор или трет циклус на студии при УКЛО - Битола.
• Најдобрите оратори ќе бидат наградени.

Правила за говорите:

• Говорите треба да бидат напишани на македонски јазик;
• За време на говорот се користат белешки кои му помагаат на говорникот, но цитатите кои се користат не смеат да се читаат;
• Сите говори ќе имаат 20 секунди грејс период почнувајќи од моментот кога е даден стоп сигналот. На крајот од 20-те секунди говорникот ќе биде запрен од страна на Комисијата за оценка и сето она што е кажано потоа нема да се земе во предвид;
• Учесниците на Конкурсот му ги отстапуваат авторските права на организаторот за објавување на говорите во електронска и печатена форма;
• Говорите треба да се испратат по електронски пат со назнака дека се праќаат за ораторскиот натпревар на следната електронска адреса oratorstvo2018@uklo.edu.mk;
• Краен рок за пријавување е 30 март 2018 година.