Наставничка од Британија освоила милион долари

Наставничка од Британија освоила милион долари

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


profesorka
(Фото: Youtube screenshot)


Наставничката Андрија Зафиракоу од Лондон ја освоила престижната награда за наставници „Глобал тичер прајз“ и милион долари поради работата со деца во внатрешноста на Лондон.

Таа работи во средина каде што англискиот јазик неретко е втор јазик и убиствата се чести. Андрија им помогнала на децата што се наоѓале во таква средина да се чувствуваат безбедно и добредојдено.

Зафиракоу беше кандидат меѓу 30.000 наставници од светот што се натпреваруваа за наградата што им се доделува на наставници кои значително придонеле во својата професија. Наградата ја доделува фондацијата „Варки“.

Минатата година наградата ја добила Канаѓанка за својата работа со Инуитите.