Оглас за вработување во ЕВН

Оглас за вработување во ЕВН

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.

За потребите на одделот Високoнапонски постројки, Група Проект менаџмент, бараме:

СПЕЦИЈАЛИСТ за ПРОЕКТ МЕНАЏМЕНТ (М/Ж)

Работни задачи и активности:

Реализација на инвестициони проекти и проекти за одржување - управување со изградба на 110 и 35 kV водови
и 110 /xx и 35/xx kV трафостаници-проектен менаџмент,
Реализирање на проекти по барање на потрошувачи (опремување на ќелии во трафостаници на ЕВН, опремување на блок ќелии во трафостаница на потрошувач, дислокација и/или каблирање на 35 kV мрежа),
Подготовка на концепти, технички и тендерски спецификации, учество на тендери, рамковни договори,
Координирање на тимот за примарна техника, како и тимот за релејна заштита во насока на реализација на проектите.

Потребни квалификации и лични карактеристики:
Електро-технички факултет - Енергетика
Познавање и користење на MS Office
Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност
Возачка дозвола
Одговорност, флексибилност и тимска работа

Компетенции:
Насоченост кон резултати
Висока организираност
Способност за менаџирање на повеќе проекти истовремено
Способност за работа во рокови

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 30.03.2018.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси
www.evn.mk, jobs@evn.mk