Оглас за вработување во Макпетрол... Отворени се 7 работни места

Оглас за вработување во Макпетрол... Отворени се 7 работни места

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А. Д. -
Скопје распишува

ОГЛАС
За вработување на 7 (седум) работници на определено време, во „Макпетрол" АД. - Скопје, на работно место продавач II категорија на бензинските станици на територија на Република Македонија, и тоа:

РЕГИОН БИТОЛА
Бензинска станица во Битола
- 5 (пет) работници на определено време од 4 (четири) месеци;

РЕГИОН КАВАДАРЦИ
Бензинска станица во Неготино
- 2 (двајца) работници на определено време од 5 (пет) месеци;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната платаза горенаведеното работно место изнесува 18. 200 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Уверение од кривична евиденција;
Препорака од претходен работодавач;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол" А. Д. - Скопје Сектор за човечки ресурси ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 - Скопје
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги иеполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.
Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку email, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.
„МАКПЕТРОЛ" А. Д. - СКОПЈЕ