Студенти од  Македонија направија видео за прва помош при епилептичен напад

Студенти од Македонија направија видео за прва помош при епилептичен напад

Kако да помогнете доколку некој во вашата околина има епилептичен напад, чекори и совети.
Видео изработено по повод Недела на мозокот 2018 година, проект на Одборот за човекови права и мир при Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА).




Доколку некој има епилептичен напад:
1. Не паничете!
2. Обезбедете го просторот околу него, тргнете ги предметите со кои може да се повреди.
3. Свртете го во странична положба и ставете нешто меко под глава, како јакна или чанта.
4. Мерете го времето колку ќе трае нападот. Обично трае 2 минути.
5. Откако ќе заврши нападот, сè уште бидете покрај него и внимавајте на неговите постапки. Може да биде вознемирен и да сака да избега или да се повреди себеси.
6. Бидете тивки!

Викнете итна медицинска помош доколку:
1. Не го познавате човекот и не знаете дали е прв напад.
2. Доколку нападот трае подолго од 5 минути.
3. Доколку при нападот се повредил и има крв.

Не правете:
1. Не обидувајте се да ставите предмет или рака в уста, може да се повредите и себе и него.
2. Не викајте гласно и не туркајте го, не допирајте го.

3. Не правете метеж!

Сè што можете да направите доколку сте сведок на епилептичен напад е да се погрижите за неговата и својата безбедност и да чекате додека да заврши.