Вработување во ЈП Водовод и канализација Скопје...Отворени се 4 работни места со плата до 29.146 денари

Вработување во ЈП Водовод и канализација Скопје...Отворени се 4 работни места со плата до 29.146 денари

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односипречистен текст („Службен весник на Р. М. бр. 167/2015) вд Директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за прием на работници на неопределено време

Се распишува Јавен оглас за засновање на работен однос на неопределено време за следните работни места:

Сектор „Водовод"
1. Раководител на Служба за одржување водомери - 1 извршител

Сектор „Канализација"
2. Техничар по документација 1 извршител

Сектор „Експлоатација и одржување на капацитети"
3. Чувар на објекти 1 извршител

Сектор „Сметководство, финансови работи, јавни набавки и комерција"
4. Ликвидатор -1 извршител

Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работно место

Посебни услови:
1 За работното место под реден број 1 Раководител на Служба за одржување водомери
-завршено образование: BCCVII/1 степен, електро или машински факултет
-најмалку 2 години работно искуство во струката

2. За работното место под реден број 2. Техничар по документација
-завршено образование: CCCIV степен, градежно, машинско или електро училиште

3. За работното место под реден број 3. Чувар на објекти
-завршено образование: KBIII или CCCIV степен
-лиценца за вршење работи на обезбедување на лица и имот

4. За работното место под реден број 4. Ликвидатор
-завршено образование: CCCIV степен, економско училиште или гимназија

Потребни документи:
1 Пријава (Молба)
2. Уверение/диплома за завршено образование
3. Кратка биографија (CV)
4. Уверение за државјанство
5. Доказ за работно искуство (важи за работното место под реден број 1 Раководител на Служба за одржување водомери)
6. Лиценца за вршење работи на обезбедување на лица и имот издадена од Комората на Република Македонија за обезбедување на лица и имот (важи за работното место под реден број 3. Чувар на објекти)

Дневно работно време од 07:30 - 1 5:30 часот.
Неделно работно време 40 работни часа (од понеделник до петок).

Основна плата:за работното место под реден број 1 Раководител на Служба за одржување водомери изнесува 29.146 00 денари
работното место под реден број 2. Техничар по документација изнесува 19.612,00 денари
работното место под реден број 3. Чувар на објекти изнесува 19.340,00 денари
за работното место под реден број 4. Ликвидатор изнесува 20.158,00денари

Јавниот огласот трае 5(пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето во дневниот печат.

Доколку најавниот оглас се пријават до 200 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Ненавремена, некомплетна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување.

Пријавите со потребната документација, кандидатите се должни да ги достават до ЈП Водовод и канализација
-Скопје на адреса ул. „Лазар Личеноски" бр. 9 -Скопје.
Телефон за контакт 02/3073010 локал 316; контакт лице: Дарко Доневски;