Зошто станот на Моника од „Пријатели“ е виолетов?

Зошто станот на Моника од „Пријатели“ е виолетов?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

monika
Фото: Youtube/printscreen


Серијата „Пријатели“ заврши пред повеќе од десет години - но помеѓу многуте дилеми во текот на серијата, останува една голема.

Зошто станот на Моника е виолетов? Сигурно сите се прашувате. Сега, обожавателите на оваа серија конечно можат да се задоволат со одговорот.

Излегува дека ѕидовите во боја на јоргован не е само каприц, вели дизајнерот Џон Шафнер. Во видео за „Грејт биг стори“ тој вели дека секогаш започнува со „модел скица“ што е целосно бела.

„Кога ја презентиравме серијата ’Пријатели‘, презентирав бел модел, а продуцентот ми рече: ’Што ќе направиме во врска со бојата?‘“

Јас му одговорив: „Мислам дека треба да одиме со виолетова. На почеток, луѓето не беа сигурни. Сите имаа сомнежи, до моментот кога ја бојадисав собата виолетова. Бојата е навистина важна за утврдување на идентитетот на шоуто“.

И навистина се исплати. Не можете да негирате дека апартманот е една од првите работи што ви паѓаат на ум кога ќе се сетите на оваа серија и на времето кога беше емитувана.