Новиот „Андроид“ открива дека многу апликации наскоро би можеле да престанат да работат

Новиот „Андроид“ открива дека многу апликации наскоро би можеле да престанат да работат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

андроид
Фото: Flickr

Девелоперите пронашле нова класа во внатрешноста на претстојната верзија на „Андроид“ што ќе ја носи ознаката „Р“.

Новата класа одредува минимална вредност на „АPI“ верзијата и иако не се поклопува со онаа што ја има апликацијата, оперативниот систем ќе ви го даде следното предупредување:

„Оваа апликација е направена за постара верзија на „Aндроид“ и можеби нема да работи онака како што е наменета. Проверете дали за неа има ажурирање или контактирајте го нејзиниот девелопер“.

Моменталниот „API“ минимум во „Андроид“ „Р“ е 17, што претставува „Андроид 4.2 Џели Бин“.

Секако, останува да видиме дали ова предупредување ќе биде присутно во новата верзија на „Андроид“ или тој автоматски ќе ги блокира некомпатибилните апликации.

„Гугл“ веќе ја покажа својата намера сите апликации во „Плејсторот“ да бидат актуелни, така што одреди минимален „API“ за апликациите што се поставуваат.

На овој начин новите апликации би требало да работат со најновите верзии на „Андроид“, додека оние што нема да ги ажурираат, ќе бидат „пензионирани“.