Се сеќавате на Чипичан?

Се сеќавате на Чипичан?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Откако со децении Тамагочи можеше да се најде само во пластични јајца (а во Јапонија беше присутно само во видеоигрите), сега ова милениче, кое нам ни е познато како Чипичан, ќе биде достапно и на телефон.


Фото: Wikipedia

Јапонската компанија „Бандаи Намко“ ја најави новата игра за мобилни телефони наречена „Мојот тамагочи засекогаш“. Преземањето на играта е бесплатно. Дизајнерите на играта очигледно не штеделе на природата на класичното чипичан-искуство, па бидете подготвени за многу слатки анимации додека го тренирате својот мал пријател.

Сè уште не се знае дали овие миленичиња, кои ќе бидат достапни и за корисниците на Андроид и за оние што користат iOS, ќе бидат ранливи како и оригиналите, кои можеа да умрат од обични нешта, на пр., ако не беа нахранети или исчистени неколку пати во денот. Не сме сигурни ни дали мобилната верзија ќе ни дозволи да го казнуваме малото виртуелно чудовиште кога ќе направи лом.