Ако сакате да бидете успешни, научете да размислувате како Леонардо да Винчи

Ако сакате да бидете успешни, научете да размислувате како Леонардо да Винчи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

да Винчи
Фото: Reuters

Некои од најголемите придонеси на историјата доаѓаат од полиматите.

Аристотел практично измислил голем дел од областите во филозофијата. Галилео бил исто толку физичар колку и инженер кога помогнал за започнување на научната револуција. Да Винчи можеби повеќе би бил познат како пронаоѓач отколку како уметник доколку биле објавени неговите тетратки.

Јасно е дека големи личности како Аристотел, Галилео и Да Винчи и нивните придонеси не би биле толку големи доколку не го „нападнеле“ проблемот со ментално знаење и разбирање.

Полиматите го гледаат светот поинаку. Тие поврзуваат работи што другите ги игнорираат и имаат предност со нивната уникатна перспектива.

Во свет што сè повеќе е доминиран од машините, имаме чувство дека овој пристап ќе стане сè повреден.

Вишокот на реалноста

Една од причините зошто Аристотел создал толку подобласти на филозофијата и раните форми на науката е бидејќи овие полиња тогаш биле многу млади. Тие биле гранки на истото основно стебло, а Аристотел имал доволно длабоко разбирање за тоа што е содржано во полето, така што го поделил во различни делови и направил рани придонеси.

Меѓутоа, сепак, прашањата што ги поставил и одговорите што ги дал сè уште се дебатираат и тој сè уште е влијателна фигура во филозофијата.

Лекцијата се протега надвор од филозофијата. Реалноста е категоризирана во нашиот ум со зборови. Така се раѓа специјализацијата. Се движиме од општо набљудување низ нашите сетила, а потоа го делиме ова набљудување во специјализации како филозофија, психологија, економија и уметност.

Реалноста е излишна, а кога ќе учите широко, ви станува сè појасно и појасно.

Повисока стапка на учењето


Учите како да научите преку континуирано предизвикување на себеси за да ги сфатите концептите на широка разновидност. Големата разлика помеѓу пристапите на полиматите и специјалистите е дека специјалистот го избира местото и потоа навлегува подлабоко, а полиматот се наоѓа на поле што континуирано се шири.

Самото учење е вештина, и кога ја практикувате оваа вештина, станувате специјализирани. Учите како да научите со постојано предизвикување на себеси. Потоа, ова ви овозможува да специјализирате во нешто друго.

Во свет каде што системите на вештачка интелигенција ќе ја сменат рутинската, специјализирана работа, не треба многу за да претпоставите дека оваа вештина на учење низ дисциплини може да биде само разлика помеѓу оние што се преиспитуваат себеси и оние што не се преиспитуваат.

Традиционално, идејата за единствена кариера во текот на животот не беше неразумна. Иднината, сепак, изгледа различна. Најверојатно луѓето ќе имаат повеќе кариери кои значително ќе се разликуваат. Дури и ако не е така, ќе бидеме сведоци за работа базирана на проекти, која ќе бара слични вештини. Во ваков свет, способноста за учење на полимат ќе биде разликата.

Во кој било момент во историјата, поголемиот дел од нашето знаење е содржано надвор од индивидуалните умови - се содржи во културите што се појавуваат околу нас.

Голем дел од денешната култура е интернетот. Не е само демократизирано знаење, туку е толку достапно што оние што се доволно љубопитни, со воодушевување го прифаќаат пристапот на полиматот.

Како што Леонардо да Винчи еднаш рекол:

„Проучувајте ја науката на уметноста. Проучувајте ја уметноста на науката. Развијте ги вашите сетила - научете како да гледате. Сфатете дека сè се поврзува со сè друго“.

Она што го прави светот интересен е интеракцијата помеѓу предметите. Ако секогаш ги ограничуваме овие интеракции преку креирање граници, ќе ги отстраниме од нашето разбирање.

Во свет што се развива, оние што можат да го видат ова ќе имаат предност.