Најмладиот шеф на држава во Европа има 27 години

Најмладиот шеф на држава во Европа има 27 години

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сан Марино, доколку не сте знаеле, по државно уредување е република. Со неа управува колективен орган составен од двајца капетани регенти, кои се избираат на шест месеци. Избраното дуо е назначено од страна на Големиот и генерален совет, што е всушност парламентот на Сан Марино, со 60 избрани члена.

Тие го избираат Државниот конгрес, а тоа всушност е владата. Капетаните регенти ја вршат функцијата шеф на државата и на владата. Оваа диархија, инаку, има потекло директно од конзулот во времето на Римското Царство.


Фото: Buka

Денес титулата за најмлад шеф на држава му припаѓа на едно момче од Сан Марино. Како што пренесува италијанскиот медиум „Република“, станува збор за 27-годишниот Матео Чијачи, кој на први април ќе стане капетан регент. Инаку, обичај е двајцата регенти да бидат од различни политички опции, а тој му припаѓа на движењето Civico 10. Матео студирал право во италијанскиот град Урбино, а во ноември 2016 година бил избран за член на парламентот.