Аплаузи за „Бикини Мун“ на еден поинаков Манчевски

Аплаузи за „Бикини Мун“ на еден поинаков Манчевски

Подготвил: С.Ѓ


Милчо Манчевски, Игор Василев-Новоградска и Дејвид Манс

Филм во филм или лажен синема верите документарец, како што го дефинира самиот автор Милчо Манчевски, „Бикини Мун“ синоќа ја доживеа својата премиера во киното „Милениум“ во Скопје. Актери, режисери, политичари, јавни личности ја имаа можноста први да го видат американско-германскиот филм на Манчевски.
Поинаков израз од она што досега сме виделе од македонскиот меѓународно најафирмиран режисер понуди „Бикини Мун“. Приказната тече преку тегобни ликови сите завиткани во својата порив да се најдат себе си. Актерката Кондола Рашад брилираше во носечката улога на Бикини Мун, а одлична подела е направена и со актерите: Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.
На публиката и се поклонија режисерот Манчевски, авторот на музиката, Игор Василев – Новоградска и дизајнерот на продукција, Британецот Дејвид Манс, кој е долгогодишен соработник на Манчевски. Пред премиерата на филмот, беше прикажан петминутниот „Крајот на времето“.
Филмот е на редовен репертоар во киното „Милениум“ од 20 и од 22 часот.



Премиерот Заев со сопругата
Британскиот амбасадор Дејвид Герет
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски
Весна Станојевска-Микиќ и Александар Микиќ
Иван Џепароски
Министерката Радмила Шеќеринска со сопругот
Бранко Огњановски
Моделот Катарина Ивановска
Симон Трпчески
Ана и Силвија Стојановски
Министерката за образование и наука, Рената Дескоска и сопругот Тони Дескоски