Дескоска: Новите програми прво ќе пилотираат во одредени училишта

Дескоска: Новите програми прво ќе пилотираат во одредени училишта

Подготвил: В.И.И.



Новите наставни програми ќе пилотираат во одредени училишта за да се видат ефектите. Дури потоа ќе се донесе одлука целосно да влезат во улилиштата, рече денеска министерката за образование и наука Рената Дескоска на Меѓународната конференција по природни науки и математика која се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На прашањето што се случува со програмата по математиката во основното образование, откако проф. д-р Горѓи Маркоски, раководител на Институтот за математика при ПМФ рече дека во нивото што е понудено е за оценка 2 или 3 кај учениците, Дескоска одговори:

- Сите програми ги отворивме во пакетот реформи во основното образование. Истото ќе се случи и со средното образование. Стручните лица во своите области ќе работат на новите програми. Не може да очекувате дека сè ќе се замени преку ноќ, со оглед на тоа што е голема работа и големи се трошоците. Но, постепено сакаме да донесеме програма која навистина ќе значи равој на знаењата на учениците и компететивност на меѓународно ниво. Мојот план е да се пилотира. Во изминатиот период видовме ситуации во кои без анализа, преку ноќ беа внесувани наставни програми и потоа се чудеа од добиените резултати. Од аспект на сигурен и обмислен пристап, побезбедна варијанта е пилотирање на наставните програми во одредени училишта за да ги видиме ефектите, а потоа да се донесе одлука за целосно влегување во сите училишта.