Оглас за вработување во АД „Македонска пошта

Оглас за вработување во АД „Македонска пошта"

Врз основа на член 22 став 4 и чл ен 23 од Законот за работните односи, член 1 8 и 1 9 од Колективниот договор на АД „Македонска пошта" Скопјe пречистен текст, Генералниот директор на Друштвото, распишува:

JАВЕН ОГЛАС
за пополнување на 3 (три) работни места, на неопределено работно време:

1. Дирекцијана АД „Македонска пошта" -Скопје, ул. „Орце Николов" бр. 46 Скопје
1. 1 Соработник програмер, Сектор за информатичка технологија - 1(еден) извршител: 7ми степен на образование Електротехнички или Природноматематички
факултет (информатичка насока),
Со или без работно искуство.
Паричен износ на основната плата е 23. 381, 00 денари.
Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:00 до 16:00; Работни денови:од понеделник до петок.

2. Подружница ЦРПС Кочани, -ул. „Маршал Тито" ббКочани
2. 1 Соработник за поштенски сообраќај во Подружница ЦРПС Кочани 1(еден) извршител: 7ми степен на образование, Сообраќаен (ПТТ насока), Економски, Правен, или друго високо образование;
Со или без работно искуство.
Паричен износ на основната плата е 22. 465, 00 денари.
Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:00 до 16:00; Работни денови:од понеделник до петок.

2. 2 Шалтерски работник1 (еден) извршител:
4ти степен на образование, средно ПТТ, средно економско, гимназија или друго средно училиште;
Со или без работно искуство.
Паричен износ на основната плата е 16. 969, 00 денари.
Работни часови неделно: 40; Работно време/денови од 09:00 до 17:00 односно од08. 00 до 15. 00 од понеделникдо петоки од 08. 00 до 13. 00 во сабота, во зависност од распоредот на работното време на Единицата на поштенска мрежа.
Рок за пријавување: пет (5) работни дена, a почнува да тече наредниот ден од денот на објавувањето во дневниот печат.
Рок за избор: до 200 пријавени кандидати во рок од 45 дена. од 201 до 500 кандидати во рок од 90 дена инад 500 кандидати во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Потребни документи:
1. Пријава (образецот се подига од соодвентата архива или од www.posta.com.mk);
2. CV/Кратка биографија;
3. Доказ за завршено образование;
4. Уверение за државјанство на РМ.
Условите наведени во јавниот оглас, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Место на доставување:
Пријавите со потребните документи се поднесуваат непосредно:
Во Архивата на Дирекцијата на Друштвото за работните места кои се предвидени во Дирекцијата на АД „Македонска пошта" - Скопје;
Во Архивата на соодветната Подружница за работните места кои се предвидени за одредена Подружница; или преку пошта на погоренаведените адреси.
Кандидатите се должни Пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Со уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе биде спроведено интервју со цел да се изврши проверка на нивните знаења.
Известувањето за времето и местото на одржување на интервјуто со списокот на уредно пријавените кандидати дополнително ќе бидат објавени на официјалната веб страна на АД „Македонска пошта" - Скопје односно на www.posta. com.mk.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.