Оглас за вработување во Буши ресорт! Отворени се 17 работни позиции

Оглас за вработување во Буши ресорт! Отворени се 17 работни позиции



Буши Ресорт & СПА, Скопје. Хотелот гради успешна приказна во своето работење со огромна посетеност од туристи и разни бизнис инвеститори од различни земји. Доколку сакате да бидете дел од нашата пријатна работна атмосфера со професионалци во својата област и се чувствувате подготвени за предизвик за работа во хотел со 5 ѕвезди доставете ја вашата апликација - CV за некое од наведените работни позиции:

- шанкери
- келнери
- терапевти
- хигиеничари
- собарки
- готвачи
- a la carte готвач
- помошници готвачи
- слаткари
- хигиеничари за спа центар
- пица мајстори
- садомијачи
- хотелски носач
- хостеси
- работник за односи со гости во спа центарот
- рецепционер
– општи работници

За секоја позиција потребно е основно познавање на Англиски јазик.

За рецепција задолжително е одлично познавање на Англиски јазик, а предност имаат кандидатите со познавање и на Турски и Албански јазик. Пријавување на следниов е-маил: marketing@bushiresort.com