Претседателот на МАНУ одржа предавање за нобеловци по економија 1969 – 2017

Претседателот на МАНУ одржа предавање за нобеловци по економија 1969 – 2017

taki fiti

Во рамките на посетата на Економскиот факултет-Прилеп, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, на 21 март 2018 година одржа предавање за нобеловци по економија 1969 – 2017.

Тој на почетокот се осврна кон ликот и делото на истражувачот Алфред Нобел, значењето на Нобеловата награда од 1901 година и нејзиното установување и за научни достигнувања во областа на економијата почнувајќи од 1969 година.

Академик Фити низ луциден осврт за најзначајните економисти носители на ова престижно светско признание ги претстави најбрилијантните и исклучителни научници што оставиле длабоки траги во светската економска мисла, почнувајќи од првите добитници Фриш и Тринберген, па сè до Ричард Талер, за неговите придонеси во расветлувањето на психолошките фактори во донесувањето економски одлуки.

taki

Освртот кон големите научни умови - добитниците на Нобеловата награда од областа на економијата - овозможи предавањето да биде проследено со внимание од страна на присутните студенти и професори.