УКИМ објавува оглас за работа на проект
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува
О Г Л А С
за работа на проект ЕРАЗМУС+ во област на меѓународна соработка и академска размена со ЕУ универзитети
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
- завршено високо образование, Филолошки факултет, група англиски јазик со или без завршен втор циклус на студии и познавање на втор светски јазик;
- работно искуство од најмалку 3 години, работа на меѓународни проекти или искуство во меѓународна соработка со владини и невладини организации;
- способност за кореспонденција и комуникација со институции во земјата и странство.
Потребно е да се достават следниве документи:
- Кратка биографија со фотографија (Europass)
- копија од диплома и уверение за положени испити;
- потврда за работно искуство со препорака;
Ангажирањето е за определен временски период со полно работно време понеделник-петок од 08-16 часот.
Заинтересираните кандидати потребните документи да ги достават на:
е-mail:
ukim.erasmus@ukim.edu.mk 30 април 2018.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите ке бидат повикани на интервју.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје