Сашко Коцев се надмина себеси – многу смеење и солзи на „Бубамара“!

Сашко Коцев се надмина себеси – многу смеење и солзи на „Бубамара“!

Подготвил: С.Ѓ.

Лектор: Ивана Кузманоска

Многу материјал имаме годинава, си велевме повеќе да зборуваме, помалку да пееме, со овој лајтмотив незаменливиот Сашко Коцев ја отвори вечерта. Има ли подобра награда за еден актер, водител од тоа да насмее 10.000 луѓе? Во секојдневието во кое сите сме тмурни, нерасположени, загрижени, „Златна бубамара на популарноста“ се чини дека може слободно да се организира и двапати годишно.

Највпечатлив беше настапот на хоровите „Мирче Ацев“ и на „Танец“, заедно со виртуозот Влатко Стефановски и неговиот син Јан.
Награда за животно дело доби Григор Копров, а му ја врачи Владо Јаневски, еден од пејачите на чија кариера овој композитор особено влијаеше. Мики Јовановски-Џафер доби награда за трајни вредности.



Најмоќен говор одржа Ирена Ристиќ, која повика на поголема свест кон општото добро.
Претставата „Еден месец на село“ е најдобрата за 2018. Тимот на ТВ-серијата „Преспав“ си замина со повеќе награди. Дритон Вејсели и Горан Стојаноски добија награди за најдобри ТВ-актери.
Најдобар пејач е Влатко Лозановски.

Факултети.мк ви објавува фотогалерија со дел од најинтересните моменти од манифестацијата, која беше беспрекорно организирана.


Награда за првиот детски мјузикл „Земјата во која не се стигнува“ на Театар за деца и младинци

Владо Јаневски му ја врачува наградата за животно дело на Григор Копров


Горан Стојаноски и Дритон Вејсели - најдобри ТВ-актери

Перо Антиќ со неговиот син


Најдобра музичка група - „Нокаут“


Влатко Стефановски заедно со хоровите на „Танец“ и на „Мирче Ацев“ ја изведе „Учи ме, мајко, карај ме“


Сашка Димитровска, Ана Стојановска и Тина Трпкова се дел од екипата на „Еден ден на село“ на МНТ - прогласена за најдобра

Убаво е што сè уште можеме да се смееме заедно - Никола Ристановски


Бора Ѓорѓевиќ и Игор Џамбазов настапија заедно


Детето-херој Марко Пејчиновски од Охрид се подготвува за нов предизвик


Оваа година ќе пливам за децата со ретки болести


Пародија на скапите функционерски фотелји

Сашко Коцев


Екипата на „Фчерашни“ ја изнасмеа публиката



Омилениот лик од „Преспав“ - Талат


Мики Јовановски-Џафер


Ирена Ристиќ
Фото: Радован Вујовиќ