Хуманитарецот Халил Кастрати празнува подарувајќи домови

Хуманитарецот Халил Кастрати празнува подарувајќи домови

Познатиот косовски хуманитарец Халил Кастрати оваа година на посебен начин ќе го прослави 28 Ноември, Денот на независноста на Албанија, познат и како Денот на албанското знаме.

Симболично, тој реши на овој ден да подари 28 клуча од домови за 28 фамилии. Кастрати на „Фејсбук“ објави фотографии на кои можеше да се видат сите 28 клуча закачени на табла со двоглав орел.

Кастрати е раководител на хуманитарната организација „Балкански сираци“. Тој им има помогнато на десетици фамилии што имале потреба од храна или топол дом.