ПочетнаSkip Navigation LinksСтуденти Библиотеки НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Народната и универзитетска библиотека (НУБ) “Св. Климент Охридски” во Скопје е една од првите институции формирана со одлука на Антифаштичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 23. ноември 1944 година, кога практично Втората светска војна сеуште не е завршена.

Богатата библиотекарска традиција на просторот на Република Македонија, чии корени досегаат до делото на сесловенските просветители Св. Кирил (826-869) и Св. Методиј (820-885) е основа врз која Библиотеката отпочна да ја гради и да ја развива својата дејност. Нејзиниот патрон, Св. Климент Охридски (830-916) ја формирал првата манастирска библиотека во Охрид, во манастирот Св. Пантелејмон, со што станал основоположник на библиотекарството на овие простори. Бројните средновековни манастирски библиотеки во Македонија, за чии фондови постојат материјални сведоштва, ги продолжиле библиотекарските традиции и ги чувале верските книжевни дела.

Централната библиотека на Филозофскиот факултет во Скопје, во почетокот била од затворен тип и ги задоволувала потребите само на студентите и наставниците. Подоцна, кога во рамките на факултетот се формирани посебни семинарски библиотеки, таа стана отворена и за поширок круг корисници, односно доби статус на прва јавна општонаучна библиотека во Скопје. За време на Втората светска војна, по окупацијата на Македонија од тогашната бугарската власт (од април 1941 до септември 1994 година), Централната библиотека на Филизофскиот факултет е одредена за депозитна библиотека на бугарската книжна продукција. Во тој период, како законски задолжителен примерок се добиени поголем број публикации на бугарски јазик, кои што не се исклучиво со научен карактер. Со тоа, структурата на книжниот фонд значително се измени во однос на содржината и во однос на јазикот.

 

НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје Print
Address:
ул. Булевар "Гоце Делчев" бр. 6, пошт.фах 566
Скопје
Македонија
1000

E-mail: kliment@nubsk.edu.mkThis e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
Telephone: +389 2 3115 177
Fax: +389 2 3226 846

Information: +389 2 3133 418