АЕГЕЕ Скопје

Замислете ја Европа на дланка,пријатели од секое место на континентот што ќе ви текне во моментов,инволвираност во креирањето  на европската иднина и незаборавни студентски денови...  Сето ова е можно ако сте дел од големото АЕГЕЕ семејство. 

АЕГЕЕ е студентска,волонтерска, непрофитна, невладина и неполитичка организација. Основана е во 1985 година и денес брои околу 15.000 членови низ 42 европски земји. Основната идеја на АЕГЕЕ е надминување на сите ментални разлики и сплотување на младите европјани преку демократија и заемно почитување.

АЕГЕЕ – Скопје е  дел од европската мрежа на АЕГЕЕ – Европа. Основана е во 1993 година при Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј”  и од тогаш па наваму се залага за мир и стабилност, повисоко формално и неформално образование, активна младина, културна размена, поголема мобилност меѓу младите во Европа. АЕГЕЕ-Скопје за 18 години постоење стана една од најактивните антени и беше прогласена во 2000 и 2005 година за една од петте најуспешни антени коишто ја движат организацијата во Европа. Таа е братска антена со АЕГЕЕ антените од Белград, Загреб, Атина, Утрехт, Марибор и Валенсија. Во своето богато делување АЕГЕЕ-Скопје има организирано бројни меѓународни и локални настани,а оваа есен  ја има честа да го организира генерално собрание на АЕГЕЕ мрежата,АГОРА-та. Секоја АГОРА трае 4 дена каде што земаат учество околу 800 млади луѓе, лидери од своите локали.За време на овој настан делегатите од преку 200 локали низ Европа дискутираат за развојот и иднината на Европа, улогата на младите во неа, како и за понатамошното функцинирање на АЕГЕЕ. 

АЕГЕЕ – Скопје ќе биде домаќин на есенската АГОРА насловена Raise up your hand, која ќе се одржи од 27 до 31 октомври  притоа АЕГЕЕ-Скопје е единстениот локал во АЕГЕЕ мрежата кој што ќе организира АГОРА по втор пат во својата историја. Агора-та  е најдобриот начин да се разработат прашањата од доменот на активирање на АЕГЕЕ и начин да се слушне гласот на секоја антена (локал) поединечно. Исто така, тоа е и совршена можност,демократски да се избираат идните предводници на организацијата, членови на кои ќе им се доверат водечките функции во АЕГЕЕ за одлучување и претставување на 25-години реномираната асоцијација.

Во склоп на АГОРА-та се одржува и саемот на студии/факултети каде локални и европски универзитети ја презентираат својата програма и ги нудат своите бенифиции  пред студентите од цела Европа.Без разлика дали сте заинтересирани за додипломски студии или мастер студии тука ќе најдете се што ви треба и интересира.
Отворениот повик за  млади луѓе,волонтери  кои сакаат да бидат дел од незаборавното искуство се веќе во тек.

                                           ‘’Some call it Europe, we call it home’’