ПочетнаSkip Navigation LinksСтуденти Студентски организации ДРЕН - Здружение на студентите на Шумарски факултет во Скопје

ДРЕН - Здружение на студентите на Шумарски факултет во Скопје

„ДРЕН“ - Здружението на студенти на Шумарскиот факултет е основано во Скопје, општина Гази Баба, во 1999 година, од страна на ентузијасти и амбициозни студенти на Шумарскиот факултет.



ДРЕН е неполитичка, невладина, непрофитна и независна студентска организација

Основни дејности на ДРЕН се:

– Поттикнување на активности кај студентите од шумарство, пејзажно дизајнирање и екоинженеринг и екоменаџмент.
– Обезбедување и дистрибуција на информации до студентите од областите на шумарство, пејзажно дизајнирање и екоинженеринг и екоменаџмент,
– Претставување на нивните професионални интереси на меѓународен план, како и размена на студенти преку меѓународна соработка со сродни факултети и стручни невладини организации.

Во ДРЕН може да членуваат студенти и од други факултети и универзитети, без разлика на нивната родова или етничка припадност.

Членовите на ДРЕН се успешни студенти, со висок просек на студии, постдипломци (на Шумарскиот факултет во Скопје и надвор од земјава). Голем дел од поранешните членови сега се вработени во престижни институции и организации (Шумарски факултет во Скопје, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП Македонски шуми, ЈП Паркови и зеленило, национални паркови, FAO, SNV и др.).

ДРЕН е членка на Меѓународната организација на студенти од шумарството (IFSA).


Од своето основање до денес, Здружението има остварено повеќе проекти, размени на студенти и активно учество на меѓународни натпревари, организација на планинарски научно-едукативни тури, учество и организација на еколошки акции и пошумувања, научно-едукативни презентации од област на животната средина, учество на годишни средби на еколошки здруженија на граѓани, соработка со министерства, национални паркови и јавни претпријатија, како и реализација на национални и меѓународни проекти.

Контакт информации:

ДРЕН - Здружение на студенти на Шумарски факултет Скопје
ул. 16 Македонска бригада бр.1, 1000 Скопје
Ѓорѓи Вивков
Тел: (02) 3135 033, л.143 ; 078/996846

Е-пошта:
dren@sf.ukim.edu.mk

Интернет страница:
http://www.sf.ukim.edu.mk/dren.htm
http://www.sf.ukim.edu.mk/dendropark
https://dren2017.wordpress.com/