ЕЕСТЕК ЛК Скопје

 

Што е ЕЕСТЕК?

EESTEC-Electrical Engineering STudent’s European assoCiation

Европска Студентска Организација за електроинжинери е невладина, непрофитабилна, организација на студентите по електротехника и информациски технологии од универзитети, интитуции и училишта во Европа кои доделуваат инжинерска диплома. Формирана е во Холандија во 1986. Од 1995 е призната асоцијација со седиште во Цирих, Швајцарија. Од 2002 седиштето е вратено во Холандија. ЕЕСТЕК се состои од Локални Комитети кои се наоѓаат низ цела Европа во различни факултети. Локален Комитет е локален огранок од Интернационалниот ЕЕСТЕК. Во моментов имаме 53 ЛК кои се распоредени во 28 земји со повеќе од 3000 активни членови, и достапност до околу 50 000 студенти.

 

Главна цел на ЕЕСТЕК е да промовира, воспостави и развие интернационални контакти и да размени идеи помеѓу студентите на факултетите со електротехнички профили.

Активностите на оваа организација се потпираат на вештините, ентузијазмот, отвореноста и волјата за вклучување на членовите, како и на надоградување,  развивање и подобрување на нивното техничко знаење и достигнување на нивен целосен успех. Студентите од цела Европа се сретнуваат  и ги почитуваат своите разлики во култури, традиции, општества што овозможува полесно снаоѓање во мултикултурна средина.

 

ЕЕСТЕК Мисија

Мисијата на ЕЕСТЕК да овозможи комплементарно образование на студентите, проширување на нивните хоризонти и практично упоптребување на своите вештини. ЕЕСТЕК им нуди на студентите вреќа полна со можности за да ја изградат својата кариера од соништата. Ние промовираме студенти кои имаат техничко знаење како и знаење кое е потребно за да се одговори на барањата на денешницата. На овој начин им ја олеснуваме работата на компаниите во контактот со младите луге со различни вештини, кои се спремни да се вклучат во средина со желба за работа и постојано учење.
ЕЕСТЕК ЛК Скопје
    ЛК Скопје беше основан во 2003 и веќе 7 години им помага на студентите од универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ овозможувајќи им комплементарно образование и интернационални настани.
.ЕЕСТЕК ЛК Скопје со своите активности ја промовира македонската култура, историја и наследство.



Претходни проекти на ЕЕСТЕК ЛК Скопје

Од креирањето на локалниот комитет организирани се следните настани:

•    Работилници:

•    “Skopje Workshop 2004”, (25.04 - 03.05.2004)
•    ”Тaste the Networks”, (11.12 -19.12.2005)
•    “Feel the Energy”, (29.04 - 05.05.2007)
•    “Plone my Web”, (01 - 09.12.2007)
•    “WiMax to the Max” (17-24.05.2009)
•    "Robomac" (02-09.05.2010)
•    "Feel the energy" (01-08.05.2011)
•    ECM (EESTEC Chairpersons’ Meeting) 2009, (22-28.11.2009) :


ECM (EESTEC Chairpersons’ Meeting- ЕЕСТЕК Состанок на претседателите) е годишен состанок каде сите претседатели на сите локални комитети се состануваат со цел да се обучат, да споделат искуства и да придонесат за понатамошниот развој на ЕЕСТЕК. ЕСМ се состои од работни сесии, симулации и дискусии на тема како успешно да се води локален комитет, како и организирање на настани и соработка на интернациоално ниво. На состанокот имаше околу 60 учесници и на истиот учесниците имаа можност да бидат подучувани од  сертифицирани тренери за тоа како треба да се води еден локален комитет, справување во тешки ситации, лидерство, и сл.

•    Мотивациски викенди

        Учесници на мотивациските викенди се најчесто членовите од локалниот комитет кој го организираа истиот. Целта на овие викенди се зближување, комуникација и работа во група на членовите во самиот локален комитет се со цел за подоцна полесно да се извршуваат работните обврски. Во периодот од 5-7 Март 2010 во с.Мокрени се одржа мотивациски викенд. На овој настан покрај дружење имаше во преден план беа ставени предавања на кои учесниците се здобиваат со т.н. “меки вештини “.            

•    Искуство

До сега имаме учествувано на повеќето интернационални настани организирани од други локални комитети. Околу 300 членови на биле на работилници во Европа во периодот од 2003- 20011

Секоја среда од 20.00 во АМФ на ФЕИТ и Машински се одржуваат редовни состаноци. Ве очекуваме.