ПочетнаSkip Navigation LinksСтуденти Студентски организации ЕСМ (Еразмус студентска мрежа)

ЕСМ (Еразмус студентска мрежа)

EСМ (Еразмус студентска мрежа); ESN (Erasmus Student Network) е студентска, неполитичка, нерелигиозна и непрофитна организација.


илустрација

ЕСМ е една од најголемите интернационални студентски организации, присутна во 36 земји во Европа и во 397 Високообразовни институции. ЕСМ работи на интеграција и социјализација на странските студенти како и на интернационални искуства на студентите кои не се во можност да патуваат и/или престојуваат во странство (интернационализција дома).

Еразмус студентска мрежа Македонија (ЕСМ Македонија) постои од 2007 година и се труди да го имплементира “Students Helping Students” принципот, овозможувајќи им на македонските студенти да бидат дел од оваа мрежа и самите да го почувствуваат европскиот дух, културната интеграција и размена на искуства. ВО ЕСМ Македонија постојат два сектори, ЕСМ Скопје и ЕСМ ФОН Универзитет, кои активно работат и секогаш се добредојдени за нови членови.

Во ЕСМ застапени се и проектите, како дел од начините за вклучување на интернационалните студенти и/или студентите на размена: SocialErasmus, ExchangeAbility, ESNSurvey, ESN Card (најголемиот конкурент на ISIC студентската картичка).

Покрај официјалниот дел на состаноци, совладувањето на културните и јазичните бариери, во ЕСМ се чувствува и припадноста кон мрежата и силното чувство на приврзаност кон неа. Покрај многуте ноќи поминати на аеродроми или железнички, ние ги совладавме и сите европски знамиња усовршувајќи ги сите градови, села и попатни станици во Европа.

Ако сакате да ни се приклучите, или сте заинтересирани за повеќе информации, посетете не на: www.esnmacedonia.org или пак пишете e-mail на: info@esnmacedonia.org
Зошто, ти си ЕСМ!