Секој студент

Инфо за студентската организација „Секој Студент“

 

 


 

илустрација

Секој Студент“ е студентско движење. Ние сме свесни дека знаењето е сила и моќ. Токму затоа е од суштинска важност за општеството таа сила и моќ да биде сконцентрирана во луѓе кои се изградени личности и карактери. Поради тоа „Секој Студент“ се стреми кон изградба на личноста и карактерот на идните водачи (студентите). Нашата цел е да помогнеме во личната изградба на студентите во следните четири основни области:

 

  • Интелектуална
  • Емоционална/Социјална
  • Духовна
  • Физичка

 

За остварување на оваа цел организираме повеќе активности:

  • семинари (за ефективно учење, за емоционална интелигенција)
  • кафе дискусии
  • трибини
  • форуми
  • спортски активности
  • истражувања на Библијата на академско ниво (со цел да се разбере нејзината основна порака и да се согледаат принципите на кои се темели здрава личност и водач)
  • лични менторства (правење на план за лична изградба и следење на прогресот)
  • студентски викенди
  • летни проекти
  • разни обуки
  • и многу други забавни активности кои го освежуваат, надградуваат и го прават незаборавно вашето студирање.

     

    Сведоштва од неколку студенти за нивното искуство во Секој студент

     

     

    Во Секој студент волонтирам речиси 3 години. Оваа студентска организација ми пружи прекрасно искуство кое ми помогна во изградбата на мојата личност, моите ставови, размислувања и гледишта на нештата. Сите нејзини активности и настани ми овозможуваат да се надоградувам во повеќе области: интелектуално, социјално, физички и духовно.

    Секој студент ми пружи прилика, додека сум студент да запознаам многу нови луѓе од својата генерација, да споделам искуства со нив, заедно да дискутирам за важни теми од секојдневието и да размислувам на доста интересни прашања. Таму ги запознав моите најдобри пријатели, ги научив најважните животни лекции и ги добив одговорите на прашањата кои го осмислуваат човечкото постоење.

    Едноставно, оваа студентска организација нуди се она што им е потребно на денешните студенти - знаење кое ви е потребно за сегашноста и искуство кое ви е потребно за иднината пред вас!

    - Александра Митевска, студент на психологија на Филозофски факултет при УКИМ

     

    Волонтирањето во студентската организација Секој Студент во која сум вклучена уште од мојата прва година на студии ми помогна на многу начини како да се развијам и изградам на повеќе различни полиња од мојот живот. Пред се би спомнала дека во оваа организација научив како да бидам лидер практично и како да влијаам на други студенти да бидат лидери преку организирање на летните проекти, како да изградувам добри комуникациски односи преку разните семинари и менторства, да стекнам организациски способности преку организирање на кафе дискусии и други активности. Понатаму и како да постигнам добри резултати во моето студирање преку семинарот за ефективно учење. Исто така Секој Студент ми помогна да го проширам мојот видик во однос на моралните и духовните вредности, пред се за тоа колку е важно кога еден студент откако ќе излезе од студентските години да излезе во тој поодговорен живот со добро потковани вредности кои се дел од неговата личност.

    - Марина Чипова, студент на Економски факултет при УКИМ

     

    Моето име е Евгенија и волонтирам во „Секој студент“ веќе 3 години. Она што од мое искуство можам да го кажам за оваа организација е дека многу ми помогна да се изградам како личност во четири области од мојот живот: интелектуално, физички, социјално и духовно и тоа преку организирање на различни настани, кафе дискусии, форуми, семинари, забави и др. Благодарение на моето волонтерство во оваа организација јас научив многу важни животни прашања, сретнав повеќе искуство за тоа како да се однесувам со луѓето околу мене, запознав многу други студенти како од Македонија така и од странство, научив како подобро да го организирам моето време, стекнав многу добри пријателства и секако сето ова беше зачинето со многу дружење и смеа :-)

    Секој студент е она што му треба на секој студент :-)

    - Евгенија Проевска, студент на Економски факултет при УКИМ

 

Адреса:  ул. 20ти Октомври бр.8 Скопје (позади студио Леонтиќ, во зградата на Logos Oxford ).

Телефон: 02-3245-967
Лице за контакт: Гоце Пецов (goce.pecov@sekojstudent.org)

www.sekojstudent.org