ПочетнаSkip Navigation LinksСтуденти Студентски организации Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - СПУКМ

Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - СПУКМ

"Студентскиот парламент на Универзитетот Св. "Кирил и Методиј"- СПУКМ е здружение на граѓани од автономен, невладин и непартиски карактер формирано за слободно здружување на студентите независно од нивната национална, верска и полова припадност и нивните политички убедувања.

Работата на Студентскиот парламент при Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите на Студентскиот парламент на Универзитетот за сите облици на работење, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување на извештај за работата на органите и телата на Студентскиот парламент на универзитетот, и за материјалното финансиско работење."