ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Државни универзитети Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии

Факултет за електротехника и информациски технологии

Обезбедувајќи перманентна технолошка иновација, квалитет и креативност во наставните програми, остваруваме континуирано образование на стручни, креативни и претприемчиви индивидуи, кои не само што ќе работат успешно во својата професионална ориентација, туку и ќе создаваат нова работа и афирмираат нови можности и откриваат нови хоризонти.

Поважни цели на стратешкиот развој

1. Комплетирање на студиските програми соответно на Европскиот кредит трансфер систем и обезбедување континуирана едукација.

2. Зајакнување и охрабрување на атрактивноста на професионалните и научните степени со промоција на нови можности во кариерата и бизнисот.

3. Стратегија за развој на нашиот факултет кон Европската заедница и квалитет на работата во согласност со европските стандарди.

4. Негување и подобрување на можностите да се остварат барањата за едуцирање на поединци од сите стручни и возрасни категории.

5. Стимулирање на ефикасен трансфер на знаење и професионална стручност од академската средина кон индустријата и активно учество во севкупниот развој на Република Македонија.

6. Создавање на “научни/технолошки села” постигнувајќи подобра комуникација помеѓу нашиот значителен научно-истражувачки потенцијал за креативност и иновативниот бизнис.

7.Континуирано образование на стручни и претприемчиви индивидуи во електротехниката и новите технологии, кои ќе работат успешно и ќе промовираат нова работа и нови можности.