Факултет за ликовни уметности

ФЛУ е јавна високообразовна установа која врши високообразовна, научно-истражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на ликовните уметности, ликовната педагогија, применетите уметности, дизајнот визуелната култура и другите подрачја што се во врска со основната дејност.

ОДДЕЛИ

Сликарски

Во текот на четиригодишното студирање на одделот сликарство, студентите се запознаваат со цртачките и сликарските техники. И тоа, во првата година класичен цртеж (молив, јаглен), сликање (акварел, пастел, темпера).

Вајарски
 
Во текот на студирањеto на одделот вајањe, студентите се запознаваат со со цртачките и вајарските техники. Во прва година се изучува како класичен цртеж и вајање со глина и лиење во гипс. Во втора година, вајање на акт и фигура со лиење во гипс, а паралелно со тоа правење на скици во глина или директно во материјал и изведба во дрво првиот семестар, а во метал во вториот семестар.

Графички
 
Во текот на четиригодишното студирање на одделот графика, студентите се запознаваат и ги изучуваат класичните графички техники. И тоа во прва година како вовед и запознавање на студентите се почнува со основната графичка техника на високиот печат дрворезот и линорез.

Педагошки

Во текот на четиригодишното студирање наставата по стручните предмети (цртање и сликање, вајање и графика) со техники и методски упатства е циркуларна со што ликовната наобразба е посестрана. Содржините се однесуваат на совладување на разни техники во зависност од ликовното подрачје.


Образовниот процес на додипломските студии трае четери учебни години со осум семестри настава. Во тие рамки се изведува и насочениот дел од студиите, кој започнува по завршување на втората година (трае четири семестри), како надградба врз претходно здобиената основа, со цел прилагодува¬ње на студентите во низа специфични ликовни насоки и задачи од применет карактер во стопанството, образованието и културата (сценографија-театарска, филмска и телевизиска; графички дизајн; модно креирање со текстил; костимографија; дизајн на стакло; уникатна керамика и индустриски дизајн со технологија; конзервација и реставрација; анимиран филм, рачна изработка на хартија).