Технолошко-металуршки факултет

Добредојдовте на Технолошко - Металуршкиот факултет во Скопје

Поголемиот дел од индустријата и многу други стопански гранки во република Македонија неможат да се замислат без инженери технолози и металурзи и нивните фундаментални и апликативни знаења. Тие се секогаш спремни и способни да излезат во пресрет на се поголемите барања.
Најновите светски научни студии покажуваат дека опстанокот и иднината на оваа цивилизација е невозможен без секојдневната употреба на голем број материјали и енергенси.   

 

Технолошко-металуршкиот факултет има 6 институти и центар за трансфер на технологија. Инженерите дипломирани на Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје се дел од креативната сила што може да го стави нашето стопанство на вистинскиот - европскиот пат. Инженерите металурзи и технолози креираат технолошки процеси и активно учествуваат во создавањето на основата на просперитетот на индустријата во целина.

 

Институт за неорганска технологија
Институт за органска технологија
Институт за текстилно инженерство
Институт за хемиско и контролно инженерство
Институт за екстрактивна металургија
Институт за преработувачка металургија

Центар за трансфер на технологија

 

Институтите ги дефинираат наставните содржини за предметите од насоките кои ги негуваат, ја организираат настават, истражувачката и стручната дејност.
Во рамките на Центарот за трансфер на технологија се одвиваат кратки курсеви во компјутерски подржаното хемиско процесно и текстилно инженерство.



Декан:
Проф д-р. Александар Димитров