Воена академија „Михаил Апостолски" Скопје

Воената академија е единствена воена високо-образовна и научна институција во Република Македонија чија основна задача е да школува, оспособува и усовршува офицерски кадар за АРМ и да се бави со Научноистражувачка дејност за потребите на одбраната согласно со закон.

Дејност на воената академија

Воената академија врши образовна и научноистражувачка дејност. Според Законот, на Воена академија се реализираат и остваруваат:

    * Додипломски студии за офицери на АРМ
    * Постдипломски студии (ПДС) за стручно усовршување (специјализација) за командни и штабни должности
    * Постдипломски студии (ПДС) за научно усовршување (магистратура) и докторат на науки
    * Стручно оспособување офицери за службите на АРМ во траење до 1 година
    * Курсеви и други форми на перманентно образование
    * Научноистражувачка дејност (НИР)
    * Школување на резервен офицерски кадар

Универзитетската диплома на студентите што ќе го завршуваат школувањето на ВА ќе биде верифицирана во земјата, што ќе им овозможи на питомците и студентите да имаат признаено занимање и можност за понатамошна едукација во образовниот ситем на Република Македонија и странски држави членки на Болоњскиот процес.