Факултет за ветеринарна медицина

Ветеринарниот факултет - Скопје е основан во учебната 1991/1992 година, како насока на Земјоделскиот факултет во Скопје со Решение од 1 XI 1991 година, издадено од Министерството за образование и физичка култура. Со ова Решение, Земјоделскиот факултат беше задолжен да отпочне со настава на 6 XI 1991 година со студиите на прва и втора година, со студенти вратени од другите ветеринарни факултети на бившата СФР Југославија.

Организациона структура на Факултетот

За вршење на својата дејност Факултетот е организиран во наставно-научни организациони единициинститути и наставно-стручни организациони единици - центри.
Во состав на институтите се катедрите, заводите, клиниките и лабораториите.
За вршење на стручно-административните работи на Факултетот одговорна е стручната служба.