Факултетот за детективи и безбедност е едниствена образовна институција
од ваков вид во Република Македонија и Балканот. Оваа дејност добива
високи академски теориски и практични стандарди во формирањето на
кадрите за оваа професија, која станува се повеќе актуелна во
современиот социјален и деловен живот.
Со оглед на едукацијата и на предметното портфолио на факултетот нашите
студенти ги задоволуваат критериумите не само во национални рамки туку и
пошироко, а со оглед на глобалните безбедносни закани ја ставаат оваа
професија во редот на најбараните и најатрактивните професии на
меѓународен план, бидејќи светот одамна заклучи дека безбедноста, мирот и
војната немаат граници.
Факултетот не само што оспособува професионалци за потребите на
приватниот сектор, туку ќе даде дипломци кои низ строги и специфични
критериуми на етичките, тоериските и стручните барања на оваа професија
еднакво ќе можат да бидат искористени и во сферата на јавниот сектор.