Дизајн и мултимедија

Студиската програма на факултетот претставува симбиоза на уметноста, науката, техниката, технологијата,информатиката и други уметнички и научни дисциплини насочени кон истражувањето и развојот на новите достигнувања во дизајнот и мултимедија како уметнички области.

Општите студии по дизајн и мултимедија траат три години, а по нивното завршување студентот се стекнува со звање Дипломиран дизајнер. По завршувањето на четвртата година студии студентот се стекнува со звање Специјалист по една од насоките што ќе ја избере (Сликарство, Графички дизајн, Моден дизајн, Дизајн мултимедија).

Квалитетот на оваа студиска програма ќе се гради врз база на истражување и примена на најновите уметнички, научни и стручни достигнувања кои го детерминираат развојот на дизајнот.