Економски науки

Студиите на Економскиот факултет траат пет години. Првите три години се општи економски студии и во овој период студентите се профилираат според предметите што ќе ги изучуваат редовно или изборно.

По завршувањето на третата година тие се здобиваат со звањето економист (бачелар). Четвртата година на студии почнува студирањето во три насоки, и тоа:

* Маркетинг менаџмент
* Финансиски менаџмент
* Банкарски менаџмент

Според ЕКТ Системот, дипломите што ќе се добијат на овој факултет ќе бидат еквивалентни на дипломите што се добиваат на универзитетите во Европа. На факултетот предаваат афирмирани имиња во науката и практиката кои се ставаат на располагање на студентите и на факултетот воопшто со цел изведување настава, но и на научноистражувачка дејност од областа на економијата.