ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Приватни универзитети ФОН Универзитет Информациско - комуникациски технологии

Информациско - комуникациски технологии

Развитокот на информатика секојдневно предизвикува промени во начинот на живеењето на луѓето во модерното-информатичко општество. Ваков динамичен раст и развој на информатиката и нејзината примена во сите аспекти во работата и на животот на луѓето внесува потреба од висококвалитетен и обучен кадар од областа на информатичката технологија, способен да одговори на предизвиците на својата професија.

Факултетот за ИКТ подготвува инженери по информациски и комуникациски технологии со четири основни специјалности: софтверско инженерство, системско инженерство, компјутерски мрежи и комуникации и администрација на бази на податоци.

По завршувањето на 3-те години, студентите се здобиваат со звање дипломиран инженер по Информатика. Оние кои ќе ги продолжат студиите за уште една година се здобиваат со звање дипломиран инженер по информациски и комуникациски технологии.