ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Приватни универзитети ФОН Универзитет Политички науки, дипломатија и новинарство

Политички науки, дипломатија и новинарство

Десетици илјади студенти низ целиот свет ја започнуваат својата кариера научна или истражувачка, дипломатска или политичка, новинарска или управно-административна на студиите за политички науки.

Факултетот развива плодна меѓународна соработка со странски универзитети, со научни и држави институции и како резултат на тоа чести се гостувањата на странски визитинг професори, владини функционери и дипломати кои се претставуваат пред нашите студенти со предавања од областа на совјата професија.

Студентите може да изберат една од следниве насоки:

* Дипломатија и меѓународна политика;
* Јавна политика и управување;
* Новинарство.

Студиите на Факултетот за политички науки и меѓународни односи се насочени и се специјализирани, со нив се добиваат теориски и методолочки знаења, обука за странски јазици и за информатика. Практичното искуство изградува преку практична работа во дипломатските претставништва, во државните и јавни иснституции и медиумите.