ЈЕИ универзитет

Универзитетот на Југоисточна Европа е приватна, јавна непрофитна високообразовна институција која се состои од факултети , центри и институти специјализирани во социо-економските науки.

 

Факултетите се организирани единки во рамките на Универзитетот и истите функционираат преку советот на факултетот и универзитетската политичка рамка одобрена од Одборот на Универзитетот или Извршниот комитет. Универзитетот на Југоисточна Европа се состои од пет факултети: Факултет за современи науки и технологии, Факултет за јазици, култури и комуникација, Правен факултет, Факултет на современи општествени науки и Факултет за бизнис и економија.

 

Мисијата на Универзитетот е дефинирана со Статутот , се придржаува кон залагањето за достигнување извонредна наставна и наставно-истражувачка работа во системот на високо образование во Република Северна Македонија, преку понуда на еднакви можности за сите, базиран на праведност и заслуга. Активна соработка со другите универзитети, како во Република Северна Македонија така и со меѓунродни универзитети што е еден од клучните елементи на мисијата на Универзитетот.

 

Од отворањето на овој Kампус во Тетово, во октомври 2001 година успеа да се етаблира како универзитет воден од квалитетот, финасиски одржлив и како модел на една мултиетничка, мултијазична високообразовна институција во Југоисточна Европа. Понатаму, успеа да ги комбинира најдобрите искуства од САД и од Европа и продолжи да ги користи сознанијата од академската соработка со Комисијата на Европската унија и со УСАИД , како и со другите донатори.

 

Универзитетот нуди многу можности кои им служат на студентите за реализирање на своите цели во областа која ја избрале. Но со цел да им се даде на студентите солидна академска основа, Универзитетот исто така нуди практична совети поврзани со нивната кариера и поддршка за да можат дипломираните да ги користат вештините и знаењето кои ги стекнале на ЈИЕ Универзитетот да ги применат во практичната работа.