Факултет за бизнис и економија

ФБЕ ги подготвува студентите за квалитетно истражување за подобрување на економската состојба, но и да можат позитивно да влијаат во одговорна и предизвикувачка средина.

 

Во соработка со деловната заедница, факултетот обезбедува урамнотежена комбинација на основните теоретски знаења и специфичните професионални вештини. Студентите се подготвуваат за основање и управување со сопствени претпријатија и деловни активности, започнување и развој на иновативни производи и услуги и заземање лидерски позиции во профитни и непрофитни организации во земјава и во целиот свет.

 

Дипломираните од овој факултет се обучени да работат во приватниот, во јавниот сектор и во државни институции, како што се: централни банки, комерцијални банки, државни агенции, телекомуникации, медиуми, индустрија и др.

 

ПРВ ЦИКЛУС (Тригодишни и четиригодишни програми)
  • Бизнис и економија:
    • Финансии, банкарство и сметководство
    • Применет бизнис
    • Бизнес аналитика
    • Финансии и банкарство
    • Претприемништво
  • Енергија, економија и животна средина

 

ВТОР ЦИКЛУС (120 ЕКТС)
  • Финансии и сметководство
  • Менаџмент
  • Маркетинг
  • Бизнис администрација (MBA)
  • Зелена економија и одржлив развој

 

ТРЕТ ЦИКЛУС
  • Бизнис администрација *
  • Економија *