Skip Navigation LinksСтудии Приватни Универзитети Универзитет за туризам и менаџмент Скопје

Универзитет за туризам и менаџмент Скопје

За нас

 

  Појавата на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, преку прераснувањето на Факултетот за туризам – Скопје, значеше и пополнување на  повеќедецениската празнина во високообразовниот систем во земјава.  Новите факултети, во рамките на Универзитетот, понудија наставни програми кои гарантираат целосен напредок не само во процесот на учење, туку гарантираат и комплетен успех во создавањето и менаџирањето на сопствената професионална кариера. Во креирањето на наставните програми на факултетите, главен акцент е ставен на соединувањето на теоријата со практиката. Создадовме академски центар кој со целата своја сила се фокусира на студентот. Покрај знаењето и вештините врзани за туристичкото стопанство, студентите ги совладуваат и тајните на менаџерската функција, деловното одлучување, создавање позитивно мислење и имиџ на организациите преку развивање квалитетни односи со јавноста, тајните во управувањето со човечките ресурси, начинот на покренување и развивање сопствен мал бизнис, управување со проекти и слично. Работите кои дипломираниот студент ќе може да ги извршува, по дипломирањето на еден од факултетите во состав на Универзитетот, исто така, се многубројни. Се тоа затоа што основна цел ни е од редовите на факултетите при Универзитетот да излезат професионалци кои ќе бидат оспособени да се соочат со животните предизвици на секое поле, луѓе кои ќе бидат компетентни учесници, а не набљудувачи на растот и управувањето на сопствениот професионален живот.

     Особено внимаваме при изборот на наставниот кадар, а ангажираните професори се високи професионалци кои со себе носат и огромно практично искуство.

     Во рамките на Универзитетот, како поддршка на студентите, делуваат: Секторот за односи со јавноста, Секторот за меѓународна соработка и маркетинг, Центарот за кариера, Сеткорот за претприемништво,  Научно-истражувачкиот центар и Секторот за издавачка дејност.

     Оттаму, Универзитетот за туризам во Скопје не претставува само нов универзитет, туку  и целосно нова идеја и методологија  за изведување на студиите.

 

МИСИЈА, ВИЗИЈА, ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ

     Нашата мисија е создавање, спроведување и одржување висок квалитет во образованието, негување и промоција на традицијата, подготовка на лидери кои ќе умеат да се соочат со предизвиците кои ќе им ги постават своите професионални кариери. На тој начин, создаваме лидери кои, давајќи го својот максимум во организациите каде што ќе бидат ангажирани, придонесуваат за вкупен напредок на општеството во целина.

     Нашата визија е меѓународна препознатливост и проодност на студентите. Втемелување на универзитет кој по методологијата на стекнување знаења, вештини и компетенции е синоним за високи стандарди и барања за одржување на квалитетот. Се тоа ни обезбедува место во редот на универзитетите кои се лидери во областа на високото образование во Европа и во светот.

      Нашата основна препознатливост се:

          - Високи стандарди – во сe што правиме.

          - Актуелност – доследно спроведување на Болоњскиот систем и ЕКТС под менторство на Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството во Опатија, Р. Хрватска.

          - Теорија - квалитетно теоретско знаење, учење преку доследна примена на ЕКТС системот во согласност со Болоњскиот процес и работа под менторство.

          - Практична работа – неопходна за стекнување вештини и компетенции.

          - Компетентност и релевантност – тестирање на теоријата во практиката преку спроведување активни практикуми со теренска настава.

          - Верификација – на знаењето.

          - Транспарентност – на постигнатите резултати и интерпретацијата на истите.

         - Отвореност, тимска работа и соработка – меѓу студентите, професорите, соработниците, бизнис заедницата.

          - Различност – почитување на различноста и градење толеранција.