Архитектонски факултет

Наставната програма на Факултетот овозможува широко изучување на архитектонското проектирање, историјата и теоријата на архитектурата  и уметноста, градежната технологија и организација, конструкциите и урбанистичкото планирање и проектирање.

Наставната програма на Архитектонскиот факултет опфаќа петгодишна професионална подготовка на студентите, којашто завршува со изработка и јавна одбрана на дипломската работа со што се стекнува академскиот степен дипломиран инженер архитект.

Со своето повеќегодишно делување Факултетот израсна во институција со национална репутација, секојдневно збогатувајќи ја меѓународната  соработка со архитектонски и други сродни образовни институции. Летната школа за архитектура е домаќин на предавачи и студенти од целиот свет.