Економски факултет

Студирање на факултетот

 

Континуирано образование на високостручен кадар, способен компетентно да решава проблеми, да им излегува во пресрет на предизвиците на новиот милениум и да ја зајакнува конкурентноста на претпријатијата на меѓународно ниво преку високо квалитетни програми од бизнис и економија.

 

Додипломските студии на Економскиот факултет - Скопје (прв циклус студии) траат 4 (четири) години, односно 8 (осум) семестри и носат 240 кредити. По завршувањето на студиите, студентите добиваат диплома со звањето ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ (BSc) (од областа на сметководството и ревизијата, економијата, финансискиот менаџмент, надворешната трговија, менаџментот, маркетингот или е-бизнисот).

 

Додипломските студии на Економски факултет - Скопје се организираат во 7 департмани: Економскиот факултет е најголема образовна и истражувачка институција во Македонија од областа на економијата и бизнисот.  Денес, Економскиот факултет е модерна образовна и научно-истражувачка институција, која нуди современи додипломски, постдипломски и докторски студии, се одликува со врвен наставен кадар и се располага со софистицирана опрема.