Факултет за драмски уметности

Факултетот за драмски уметности - Скопје, е уметнички факултет и научно-наставна институција од подрачјето на драмските уметности, во кој се изведуваат универзитетски студии од областа на театарот, филмот и телевизијата низ уметничко и научно творештво, продукција и јавно прикажување на уметничките остварувања, како и издавање на книги и публикации.

Студиски програми:

Драмски актери
Драматургија
Театарска режија
Продукција
Филмска и ТВ режија
Филмско и ТВ снимање
Филмска и ТВ монтажа
Театрологија

Историјат

Почетокот на Факултетот за Драмски Уметности го бележиме со основањето на Одделот за драмски актери при високата музичка школа во Скопје, 1969 година. На тој начин се овозможи образование на актерски кадри за театарската, филмската и телевизиската продукција.